Турција

Анталија се подготвува да пречека 20 милиони туристи

- Анталија е прва во светот со повеќе од 200 сини знамиња на плажите, а по неа следува Мајорка во Шпанија со 60/70 сини знамиња. Овој успех се должи на пречистителните станици

Hatice Özdemir Tosun  | 21.01.2019 - Обновена : 22.01.2019
Анталија се подготвува да пречека 20 милиони туристи

Antalija

АНТАЛИЈА (АА) - Хатиџе Оздемир Тосун

Анталија, која минатата година ги урна сите рекорди со посетеност од околу 14 милиони странски туристи, се подготвува во наредните 3-4 години да угости 20 милиони туристи.

Мендерес Турел, градоначалникот на Анталија, „главниот град на туризмот“, за АА изјави дека туристите со доаѓањето во Анталија купуваат еден сон и со пристигнувањето посакуваат да го пронајдат очекуваното.

Градоначалникот Турел рече дека проектите ги изработуваат врз основа на очекувањата на туристите што пристигнуваат во градот. „Анталија со својата околина, историја и природни убавини е град без конкуренција, рајско место во светот. Од тој аспект, Анталија треба да се чува како очите, а притоа да се промовираат нејзините убавини. Затоа, наш прв приоритет се вредностите на животната средина. Дадовме големо значење на базната структура, канализацијата, дождовните води, каналите за дренажа, пречистителни станици, благодарение на кои, Анталија стана град без проблеми во инфраструктурата“, рече градоначалникот Турел.


- Први во светот според сините знамиња

„Во Анталија, каде што во 2004 година имаше две пречистителни станици, денес таа бројка изнесува 32“, рече градоначалникот Турел и продолжи со зборовите:

„Од Газипаша до Каш, особено во туристичките центри, нема ниту еден милиметар кубен вода што влегува во морето, а да не помине низ пречистителна станица. Денес Анталија, според бројот на сини знамиња, се позиционира на прво место во светот. Анталија е прва во светот со повеќе од 200 сини знамиња на плажите, а по неа следува Мајорка во Шпанија со 60/70 сини знамиња. Постои голема разлика меѓу двата града. За овој успех, најголемо значење имаат пречистителните станици“.

Турел подвлече дека Анталија, со својата инфраструктура и значењето што го придава на животната средина, може да им одговори на очекувањата на туристите.

Покрај во инфраструктурата, градоначалникот Турел рече дека инвестирале и во современ систем за јавен превоз, додавајќи дека денес во Анталија постои и железничка линија која оди и до 55 километри од центарот на градот.


- Метро линија од пристаништето до Кунду

Еден од значајните проекти спроведени во градот, според градоначалникот Турел, е проектот за метро, со кој се посакува метрото да стане дел од дневната агенда, со кое ќе се патува од големото пристаниште, покрај крајбрежјето, до Кунду. Турел смета дека воведувањето на метро во Анталија, од една страна ќе го олесни транспортот на туристите до центарот на градот, а од друга страна би требало да го задоволи еснафот во Анталија.

Со цел и еснафот од градот да добие дел од туристичкиот колач, градоначалникот Турел рече дека во центарот на градот ќе направат еден атрактивен центар, именуван како Источен гаражен културен центар и Некропол, реализирајќи проект каков што нема во Турција. Турел рече дека Историските гробишта во градот, стари 2.500 години ќе бидат претворени во музеј.

„Преку реконструкциите на марината, Градскиот музеј, Националната градина и центарот на градот, насочени кон туризмот, на градот му даваме една извонредна трансформација“, рече градоначалникот Турел, истакнувајќи дека со цел на најдобар начин да се раскаже историјата и културата на Анталија, „туристичкиот главен град на Турција“, се планира реализација на 9 различни музеи во градот.


- Стапката на задоволството на туристите во Анталија е над 95 отсто

Турел рече дека со проектите за крајбрежјето Конјаалти, Богачај, Тунектепе се сака на градот да му се додадат уште поголеми вредности од оние што ги поседува. Тој истакна дека низ градот Анталија дневно минуваа од 100 до 150 илјади туристи, додавајќи дека не се чувствува никаков застој во сообраќајот, бидејќи веќе 15 години се работи на градската инфраструктура.

Градоначалникот Турел рече дека можел да забележи дека сите туристи што пристигнуваат во градот се задоволни. „Со сите проекти спроведени за инфраструктурата на градот, невозможно е туристите да си заминат од Анталија незадоволни. Во анкетите на туроператорите спроведени со туристите што пристигнуваат во градот, може да се види дека повеќе од 95 отсто од нив со задоволство се враќаат во своите земји. Тоа од друга страна, повторно ја први Анталија прва во светот“, изјави Турел.


- „Оваа година туризмот ќе го издигнеме на уште повисоко ниво“

Градоначалникот Турел, кој Анталија ја окарактеризира како локомотива на турскиот туризам, истакна дека голем придонес во развојот на градот има и државата.

За очекувањата сезонава, Турел ја даде следната проценка:

„Оваа година, во однос на минатата очекуваме раст од близу 30 отсто, а можно е таа бројка да биде и поголема. Највисоката бројка на туристи ја урнавме минатата година, а планираме годинава да ја подигнеме уште повисоко. Би сакал ова посебно да го потенцирам, за кус период, во рок од 3 до 4 години, ќе дојдеме до точка во која Анталија комфорно ќе може да угости 20 милиони туристи“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.