Турција

„Нема да дозволиме безбедносната зона во Сирија да се претвори во уште едно мочуриште“

„Никогаш нема да дозволиме имплементацијата на безбедносната зона (која треба да се формира во северна Сирија), да се претвори во уште едно мочуриште против нашата земја“

Diyar Güldoğan  | 21.01.2019 - Обновена : 22.01.2019
„Нема да дозволиме безбедносната зона во Сирија да се претвори во уште едно мочуриште“

Ankara

АНКАРА (АА) - Анкара никогаш нема да дозволи безбедносната зона во Сирија да биде претворена во уште едно мочуриште против Турција, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).

„Никогаш нема да дозволиме имплементацијата на безбедносната зона (која треба да се формира во северна Сирија), да се претвори во уште едно мочуриште против нашата земја“, рече Ердоган на состанокот на турскиот Сојуз на стопански комори и стокови берзи (TOBB) во главниот град Анкара.

Ердоган нагласи дека Анкара не е против формирањето на 30-километарската безбедносна зона во северниот дел на Сирија, во близина на турската граница, додавајќи дека целта на безбедносната зона треба да биде оддалечување на терористичките организации од турската граница.

Турскиот претседател истакна дека Турција нема аспирации кон територијалниот интегритет на Сирија, додавајќи дека за тоа прашање ќе разговара со неговиот руски колега, Владимир Путин, во Москва наредните денови.

За можната турска воена операција во регионот источно од реката Еуфрат во Сирија, Ердоган кажа дека речиси сите подготовки се завршени.

Операцијата на турските сили источно од реката Еуфрат, со цел расчистување на присуството на терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ од подрачјето во близина на турската граница, ќе следува по двете успешни прекугранични операции во Сирија од 2016 година, операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.

„Оние што извршија и најмал напад врз нашата земја, ќе платат висока цена. Поточно, ДЕАШ, ЈПГ, ПЈД, сите тие ќе платат многу висока цена“, рече Ердоган.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın