Ali Bayaslan
08 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу „Двајцата лидери (Ердоган и Путин) повикуваат на 12 јануари на полноќ во 00:00 часот во Либија да се обезбеди прекин на огнот“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Чавушоглу и рускиот министер Сергеј Лавров во Конгресниот центар Халич одржаа заедничка прес-конференција.
Чавушоглу во своето обраќање рече дека двајцата претседатели на средбата разговарале за билатералните односи меѓу двете земји, но и за заедничките регионални прашања.
Во продолжение министерот Чавушоглу истакна дека на состанок Ердоган и Путин размениле мислења за прашањата како што се прекин на огнот во Идлиб, Сирија, американско-иранските тензии, Ирак и Либија.
- Постигната е согласност дека е потребно мировно решение за тензиите во Персискиот Залив
Шефот на руската дипломатија Лавров изјави „Претседателите на Турција и Русија се согласија за постигнување мировно решение за зголемените тензии во Персискиот Залив.“
Тој истакна дека претседателите на Турција и Русија укажале на важноста на вклучувањето на сите страни и соседните земји во решавањето на либиското прашање.