Nilay Kar
28 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
АНКАРА
„Турските сили неутрализираа најмалку шест терористи во југоисточниот дел на земјата“, се соопштува од Министерството за внатрешни работи на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Жандармериските сили извршија антитерористички операции со поддршка од воздух против вооружените терористи во планината Џуди, во областа Ширнак, и планината Тендурек во областа Агри“, се соопштува од Министерството.
„Четворица терористи се неутрализирани во планината Тендурек, а другите двајца беа неутрализирани на планината Џуди“, се вели во соопштението и се додава дека операциите во регионот се во тек.
Иако во соопштението не беше спомената ниту една специфична терористичка група, Турција долго време спроведуваше операции против ПКК во регионот.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.