Hanife Erdinç
17 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Дваесет и осуммина странски државјани се фатени во областа Ајваџик од турскиот град Чанаккале, при обидот за нелегално преминување на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, група луѓе кои поради граѓанската војна и лошите услови за живот во матичните држави сакале да заминат во Европа, и покрај ветровите Лодос (јужен ветер), пловеле со гумен чамец во северниот дел на Егејското Море.
По извесно време, чамецот на лицата што сакале да преминат на грчкиот остров Лезбос, почнал да се полни со вода.
Дваесет и осум лица, државјани на Сирија, Еритреја, Конго, Венецуела и на Нова Гвинеја, меѓу кои жени и деца, биле забележани и спасени од стана на надлежните служби во регионот.
Дваесет и осумте лица се донесени во станицата на Крајбрежната стража во Ќучуккују, каде што им е поделено храна и облека.
Странските државјани дадоа изјава за надлежните, а потоа се однесени во Центарот за враќање на странци во Ајваџик.