Diyar Güldoğan
23 Август 2022•Ажурирај: 24 Август 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги отфрли гласините за можна средба меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и лидерот на сирискиот режим Башар ал Асад на претстојниот самит на Шангајската организација за соработка (SCO) во септември, известува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на телевизискиот канал „Хабер Глобал“ во главниот град Анкара, Чавушоглу ја отфрли можноста за средба меѓу Ердоган и Асад на самитот што ќе одржи на 15 и 16 септември во Самарканд, Узбекистан, додавајќи дека Асад „не бил поканет“ на настанот.
Чавушоглу нагласи дека мора да се преземат чекори за траен мир во Сирија, додавајќи дека режимот не треба да ја доживува опозицијата како терористи.
„Турција од самиот почеток рече дека најважниот процес е политички“, рече тој.
Тој додаде дека Туркије во Сирија следи политика „ориентирана кон резултати“, нагласувајќи ја важноста за сочувување на територијалниот интегритет на земјата и потребата да се елиминираат терористичките организации во неа.