Satuk Buğra Kutlugün
21 Декември 2016•Ажурирај: 21 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, вчера го информираше американскиот државен секретар Џон Кери дека терористичката организација ФЕТО стои зад убиството на Андреј Карлов, амбасадорот на Русија во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Според турски дипломатски извори, Чавушоглу телефонски разговарал со Кери, а во таа пригода му кажал дека оружениот напад во Анкара го извршил Мевлут Мерт Алтинташ, и истакнал дека зад убиството на амбасадорот Карлов стои терористичката организација ФЕТО.
Кери за време на разговорот изрази сочуство и жалење поради убиството на рускиот амбасадор.
Рускиот амбасадор Карлов беше убиен во понеделникот, во терористички напад што се случи при неговото обраќање на отворањето на фотографска изложба што во Анкара ја организираа руската амбасада и општината Чанкаја.
Двете официјални лица исто така разговаа за вчерашниот трилатерален состанок меѓу Русија, Иран и Турција, одржан во Москва.