Nazlı Yüzbaşıoğlu
20 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
МОСКВА (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу по терористичкиот напад на амбасадорот на Русија во Анкара Андреј Карлов истакна дека ваквите провокации не можат да ги расипаат односите помеѓу Турција и Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ваквите подли напади не можат да ги расипаат нашите односи бидејќи знаеме колкав е значајот на јакнењето на добрите односи на Турција и Русија за целиот регион", рече Чавушоглу кој се наоѓа во Москва каде во вторник ќе се одржи состанок на функционерите на Русија, Турција и Иран.
Нагласи дека целта на нападите во Анкара беше да се нарушат односите на Турција и Москва.
„Пред се, остро го осудуваме овој напад. Овој напад не беше насочен само кон Карлов туку кон Русија, кон Турција и кон односите на Русија и Турција", истакна Чавушоглу, кој изрази сочуство на членовите на семејството Карлов и рускиот народ.
„Во многу тешки денови на сите им покажа дека е вистински дипломат. Андреј Карлов не беше само добар дипломат туку и добар човек и добар пријател. Цела Турција е тажна, турскиот народ е многу тажен", рече Чавушоглу.
Напомена дека турските и руските експерти заедно ќе соработуваат за да откријат кој стои зад нападот.
„Заедно ќе дознаеме кој стои зад ова и што бил планот. Претседателот Ердоган без двоумење позитивно го дочека предлогот на рускиот претседател Путин да се формира заедничка комисија. Со заеднички напори на транспарентен начин ќе откриеме кој стои зад овој подол напад и ќе ги изведеме пред лицето на правдата", рече Чавушоглу.
На крајот истакна дека ваквите напади ги јакнат напорите на Турција и Русија во борбата против тероризмот, потсетувајќи дека во вторник, во Москва ќе биде одржан состанот на Русија, Турција и Иран.
„Утре ќе ни се придружи министерот за одбрана на Турција и ќе продолжиме и понатаму да ја развиваме соработката. Ваквите напади нема да не одвратат од нашиот пат", рече Чавушоглу.