Diyar Güldoğan
16 Август 2022•Ажурирај: 17 Август 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и шефот на Високиот државен совет на Либија, Калид ал-Мишри, денес разговараа за најновите случувања и изборниот процес во Либија, известува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу на Твитер објави дека му бил домаќин на Ал-Мишри во Анкара, главниот град на Туркије.
„Ги оценивме неодамнешните случувања и изборниот процес во #Либија. Ќе продолжиме да ја даваме нашата силна поддршка на братска Либија и ќе ја развиваме нашата соработка на секое поле“, додаде Чавушоглу.
Ал-Мишри нa 1 август беше повторно реизбран за шеф на Високиот државен совет по петти пат.
Либија е зафатена од превирања и поделби по соборувањето на покојниот владетел Моамер Гадафи во 2011 година.
Разговорите меѓу либиските ривали под покровителство на ОН за договор за уставна рамка за одржување на долгоочекуваните избори се во безизлезна состојба.
Либијците сè уште чекаат да се одржат избори со надеж дека гласањето ќе придонесе за ставање крај на повеќегодишните вооружени конфликти во земјата богата со нафта.