Diyar Güldoğan
16 Август 2022•Ажурирај: 17 Август 2022
АНКАРА (АА) - Туркије отсекогаш го поддржувала политичкото решение на сирискиот конфликт, кажа турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
„(Сирискиот) режим не верува во политичко решение, верува во воено решение. Трајното решение е она политичкото. Тоа го зборуваме од почеток“, кажа Чавушоглу на конференцијата за медиуми со латвискиот колега Едгарс Ринкевичс одржана во Анкара.
Истакнувајќи дека Туркије верува дека помирувањето е клучно за траен мир во Сирија, Чавушоглу додаде дека Анкара силно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија.
Ринкевичс изјави дека Туркије е 'вреден сојузник' на Латвија.
Министерот додаде дека постои потенцијал за подобрување на економската соработка меѓу Анкара и Рига.