Fuat Kabakcı
24 Јули 2022•Ажурирај: 25 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, денес оствари телефонски разговор со својот фински колега Пека Хависто, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во разговорот меѓу Чавушоглу и финскиот министер Хависто станало збор за случувањата во Украина, посредувањето, како и за неодамна потпишаниот трилатерален меморандум во Мадрид, соопшти Министерството за надворешни работи на Туркије.
На самитот на НАТО одржан во Мадрид, главниот град на Шпанија, беше потпишан трилатерален меморандум меѓу Туркије и Шведска и Финска, кои поднесоа барање за членство во НАТО.