Enes Kaplan
24 Јули 2022•Ажурирај: 25 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Шефот на Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Туркије, Фахретин Алтун, изјави дека Грција не ја искористила шансата што претседателот Реџеп Таип Ердоган му ја дал на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за отворање канали за дијалог меѓу двете земји, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Алтун имаше интервју за грчкиот весник „Катимерини“, каде што зборуваше за последниот развој на настаните.
„Нашиот претседател ѝ даде шанса на Владата на Мицотакис и со тоа ги отвори каналите за дијалог. Премиерот на Грција не ја оцени искористи оваа можност“, изјави Алтун.
„Грција само си штети себеси со позиционирање против Туркије со ниски проценки или со доверба во трети земји“, додаде тој.
Во однос на активностите за дупчење (сондажа) во Средоземното Море, тој рече дека Туркије одлучува сама како суверена држава каде нејзините бродови за дупчење ќе вршат активности.
Алтун истакна дека Грција ги прекршува меѓународните договори со вооружувањето на островите кои имаат демилитаризиран статус.
„Да се верува дека Туркије нема да крене глас против овие незаконски чекори на Грција, значи да не се познава Туркије“, рече Алтун, додавајќи дека Грција е таа што ги зголемува тензиите во Егејот веќе неколку месеци.
„Ако Туркије сакаше да игра опасна игра како Грција, ќе гледавте турски воени авиони на полуостровот Атика. Но, ние немаме таков проблем“, изјави Алтун.
Тој повтори дека Туркије не била и нема да биде страната што ги крева тензиите, но нагласи дека неговата земја ги има сите можности и способности да одговори на какво било дело.