Sultan Çoğalan
08 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
БЕРЛИН (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Чавушоглу, на средбата со германскиот колега Габриел во Берлин истакна дека систематскиот притисок врз турската дијаспора во Германија не е во согласност со германската политика за интеграција, јавува Anadolu Agency (AA).
„На мојот колега му соопштив дека не сме задоволни од систематскиот притисок што се врши врз турската заедница во последната година, кој многу влијае врз турската заедница. Всушност, нивното однесување е во спротивност со политиката за интеграција што ја пропагираат“, истакна Чавушоглу.
„Утрово на средбата отворено реков дека сме вознемирени од систематската кампања на оцрнување на Турција, претставувањето на нашиот претседател како елемент на омраза, нападите кон севкупноста на Турција и активностите што во Германија слободно ги извршуваат ПКК и останатите терористички организации“, изјави Чавушоглу на средбата со германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел.