Çiğdem Alyanak
03 Март 2019•Ажурирај: 04 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека зачувувањето на историскиот и правниот статус на Ерусалим (Кудс) е еден од приоритетите на Турција, нагласувајќи дека тоа е свето прашање за кое меѓународната заедница мора да води сметка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Статусот на Ерусалим не може еднострано да се смени, и ние тоа никогаш нема да дозволиме да се случи“, порача Чавушоглу.
Шефот на турската дипломатија, Чавушоглу, денеска во Истанбул се состана со амбасадорите на Палестина во европските земји и по тој повод порача дека е потребно да се вложат дополнителни напори, бидејќи Палестина минува низ исклучително тежок период.
„Проблемите и предизвиците не се намалени, туку се зголемени. Паралалено со продолжувањето на израелските напади на историските и легитимните права на Палестинците, и други актери со еднострани потези се обидуваат дополнително да го дестабилизираат тој регион. Република Турција секогаш ќе биде во првите редови на одбрана на палестинското прашање на меѓународната сцена“, порача Чавушоглу.
Турскиот министер исто така ги обвини израелските власти дека не учат од грешките, туку дека постојано ги повторуваат.
„Не сакаме да дозволиме неприфатливите потези на израелските власти да го загрозат дијалогот и дипломатијата кои се водат во правец на изнаоѓање трајно и праведно решение за блискоисточната криза. Додека Израел интензивира незаконски и нехумани активности, ние на меѓународната сцена ќе вложиме дополнителни напори за воспоставување мир и правда“, рече Чавушоглу.
Турскиот министер се осврна и на санкциите кон Иран, предупредувајќи дека воведувањето меѓународни санкции кон Иран го загрозува целиот регион.
„Воведувањето санкции кон Иран го сметаме за погрешно. Таквото туркање на Иран во ќош претставува ризик и опасност за целиот регион“, порача Чавушоглу.