Mehmet Şah Yılmaz
26 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), досега во Турција се донесени над 60.000 турски државјани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу на социјалната мрежа Твитер објави соопштение во врска турските државјани кои од странство дошле во Турција.
„Досега над 60.000 наши граѓани донесовме во нашата земја. Исто така, на повеќе од 20.000 лица од различни земји кои се наоѓаа во Турција, им овозможивме да се вратат во нивните земји. За 57 земји обезбедивме помош во медицинска опрема“, нагласи Чавушоглу.