Muhammed Nuri Erdoğan
25 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека 12 терористи се неутрализирани во операцијата што започна по минофрлачкиот напад на терористите на ПКК во областа Хафтанин, во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството се наведува дека во минофрлачкиот напад на сепаратистичката терористичка организација ПКК починал еден војник, а 3 се ранети, од кои еден потешко.
- Неутрализирани 12 терористи -
Во соопштението се нагласува дека турските Воздухопловни сили веднаш возвратиле на нападите и дека неутрализирани се 12 припадници на сепаратистичката терористичка организација.
„Возвративме со иста мера, и ќе возвратиме. Му посакуваме божја милост на војникот што го загуби животот во овој трагичен настан, а сочувство до семејството на војникот и до нашата благодарна нација. На повредените војници им посакуваме брзо опоравување“, се вели во соопштението на Министерството.
Терористите на ПКК го користат подрачјето на северен Ирак за планирање прекугранични терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.