Ferdi Türkten
25 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
АНКАРА (АА) - Неутрализирани се 20 терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обиделе да се инфилтрираат во областа на операцијата „Извор на мирот“, во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција се истакнува дека херојските командоси на Турските вооружени сили ги неутрализирале терористите на ПКК/ЈПГ, кои се обиделе да се инфилтрираат во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“, за да ја нарушат атмосферата на мир и безбедност.
„Со успешна операција неутрализирани се 20 терористи на ПКК/ЈПГ пред да ги постигнат нивните цели“, се истакнува во соопштението.
Од 2016 година, Турција изврши четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.