Mustafa Deveci
10 Март 2023•Ажурирај: 13 Март 2023
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, во Анкара се состана со шефот на Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), Филипо Гранди, пренесува Анадолија.
Средбата на Чавушоглу и Гранди се одржа во зградата на Министерството за надворешни работи во Анкара.
Чавушоглу на својот официјален профил на Твитер наведе дека тема на средбата биле разорните земјотреси што на 6 февруари ги погодија јужните делови на земјата.