Ekip
02 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
МЕРСИН (AA) – Во турскиот град Мерсин се одржува седмиот по ред Цитрус-фестивал на кој се претставуваат учесници од цел свет. Најмногу внимание во текот на тридневниот фестивал, од 1 до 3 ноември, привлекуваат фигурите направени од свежо цитрусно овошје како што се лимоните, портокалите и мандарините, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата на фигури значително придонесува и за промоција на градот, а ги изработуваат жени кои вредно работат и на тој начин придонесуваат за домашниот буџет, но и стекнуваат работно искуство.
Организаторите објавија дека оваа година во текот на фестивалот се изложени 30 мобилни и статични фигури од цитрус. Десет фигури се мобилни и во текот на фестивалот го промовираат градот Мерсин, преостанатите 20 се фиксирани и изложени во фестивалскиот простор. Меѓу останатите, оваа година се тука и четири нови фигури: кит, змеј, мајмун и подморница. Фигурите се изработуваат од 500.000 цитруси и сѐ е од вистинско овошје, појаснија организаторите.
Цитрусите се главна култура која се одгледува во Мерсин. Секоја година производството на цитруси расте, а во 2010 година организаторите одлучија да основаат фестивал во чест на цитрусното овошје.