Necva Taştan
14 Октомври 2023•Ажурирај: 15 Октомври 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес во Каиро оствари средба со германската шефица на дипломатијата Аналена Баербок за разговори за нападите на Израел врз Газа, хуманитарната помош за Палестинците и евакуацијата од Појасот Газа, јавува Анадолу.
Министрите, исто така, се осврнаа и на ситуацијата во Украина и во кавкаскиот регион Карабах, соопштија дипломатски извори.
Вчера, израелската армија им даде на над 1 милион жители на Газа 24 часа да се евакуираат од северниот дел на Појасот кон југ, и покрај предупредувањата дека тоа ќе предизвика хуманитарна катастрофа.
Подоцна се очекува Фидан да биде примен од египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси и да се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Фидан е во дводневна официјална посета на Египет на покана на министерот Шукри.
Неговите разговори со египетските претставници се очекува да ги опфатат сите аспекти на билатералните односи, како и актуелните регионални случувања и меѓународните прашања.