Ferdi Türkten
06 Април 2021•Ажурирај: 07 Април 2021
АНКАРА (АА) - Делегацијата предводена од Шенол Казанџи, претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Агенција Анадолија (АА), по повод 101-годишнината од основањетого на агенцијата го посети мавзолејот „Аниткабир“.
Казанџи во Ататурковиот мавзолеј „Аниткабир“ пристигна со делегација составена од членовите на бордот на директори, замениците на генералните директори и уредниците.
По положувањето на венец со црвено-бели каранфили и натпис „Агенција Анадолија“, од страна на Шенол Казанџи, во мавзолејот на Ататурк беше оддадена почит со едноминутен молк.

По фотографирањето пред мавзолејот, Казанџи, во спомен-книгата го напиша следното:
„Голем водачу Ататурк, Агенцијата Анадолија што ја основавте во годините на војната за независност за да се слушне гласот на Анадолија, сега има 101 година. Во земјата, со 86 канцеларии, и со 41 центар надвор од земјата, Агенција Анадолија не само што е гласот на Анадолија, туку го пренесува гласот на сите угнетени со вестите што ги нуди на 13 јазици. Агенцијата ќе ја продолжи задачата добиена од нацијата сè додека постои Република Турција. Во оваа прилика, со милост се сеќаваме на сите наши шехиди што починаа.“
- АА е основана денес пред 101 година -
АА е основана на 6 април 1920 година со одлука на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција. Агенција Анадолија е основана 17 дена пред основањето на Големото национално собрание на Турција. Првите закони донесени во Собранието беа објавени од страна на АА, а исто така Агенцијата беше сведок на секоја фаза од националната борба.
Јунус Нади и Халиде Едип, угледни интелектуалци кои го напуштија Истанбул пет дена по неговиот пад на 16 март 1920 година, се идејните творци на Агенција Анадолија.
По потпишувањето на основачкиот акт од страна на Ататурк, АА започна со работа во Воената касарна „Зираат Mектеб“ во Анкара, а првиот билтен со вести беше објавен на 12 април 1920 година.
Агенцијата Анадолија, која своето основање се обиде да ѝ го соопшти на целата земја со официјални декларации, имаше за цел со најточните домашни и странски вести да ја информира јавноста за причините, насоката за развој и другите елементи на борбата за национална независност во Анадолија.
Мустафа Кемал одблиску се интересираше за ефикасноста и функционирањето на АА на национално ниво. За таа цел, тој не само што го објави формирањето на АА, туку направи и разни преписки и предупреди особено за прашањето за испорака на билтените на Агенцијата.
Агенција Анадолија, која ја исполни многу тешката задача во војната за независност, ги продолжи своите активности во многу тешки услови. Агенцијата беше вклучена во националното будење и во Анадолија и во Истанбул. Влезе во историјата како глас на војната за независност и дома и во странство.
Агенцијата Анадолија денес, како меѓународна новинска агенција со седиште во Турција, емитува вести на 13 јазици.