Selma Kasap
06 Април 2021•Ажурирај: 07 Април 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за правда на Турција, Абдулхамит Ѓул, во Анкара го прими на средба својот колега од Северна Македонија, Бојан Маричиќ, заедно со неговата делегација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за правда соопшти дека на средбата што се одржала во Министерството се дискутирало за судските односи меѓу двете земји.
На средбата, споменувајќи ги неодамнешните реформи во законот и човековите права, турскиот министер Ѓул ја истакна посветеноста на Турција и значењето што го придаваат на соработката за борбата против тероризмот, првенствено против ФЕТО.
Министерот за правда на Северна Македонија, Бојан Маричиќ, рече дека ја поддржуваат борбата на Турција против тероризмот на секое поле и истакна дека се подготвени за соработка.
Повикувајќи се на развојот на судскиот систем во Северна Македонија, Маричиќ истакна дека внимателно ги следат чекорите што Турција ги презема во дигитализацијата на судството.
Министерот за правда на Турција нагласи дека се подготвени да ѝ дадат секаков вид поддршка на Северна Македонија, и во дигитализацијата и во обуката на судиите и обвинителите.