Büşra Nur Bilgiç
03 Август 2019•Ажурирај: 05 Август 2019
АНТАЛИЈА
Турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, изјави дека проектилите воздух-земја, развиени за борбениот авион „F-35“ можат да се користат со локално развиените национални борбени авиони на Турција и беспилотните летала (UAV), јавува Anadolu Agency (AA).
Мустафа Варанк, за време на брифингот на 22. Национален фестивал за набљудување на небото во Анталија изјави дека крстосувачки проектил од вид SOM-J развиле само две земји во светот.
„Доколку земјите во програмата „F-35“ сакаат да го купат овој вид крстосувачки проектил, ние можеме лесно да ги продадеме овие проектили, дури и ако сме надвор од оваа програма“, додаде тој.
„Крстосувачкиот проектил SOM-J, локално произведен во Турција, исто така може да биде интегриран во Akinci UAV, произведен од турската компанија „Бајкар““, изјави Варанк, додавајќи дека највисок врв на проектот UAV ќе биде производство на беспилотни борбени авиони.
„Ова е иднината на UAV. Верувам дека Акинџи ќе има огромен мултипликаторски ефект во нашата одбранбена индустрија“, рече тој.
САД објавија дека ќе ја исклучат Турција од програмата за борбените авиони „F-35“, откако претходно упатија закани дека ќе го направат тоа поради купувањето на рускиот противвоздушен систем „S-400“ од страна на Турција.
Американски официјални претставници ја повикаа Турција да ги купи американските проектили „Патриот“, тврдејќи дека рускиот систем ќе биде некомпатибилен со системите на НАТО и ќе ги изложи воените авиони „F-35“ на можни руски интриги.
Турција, сепак, нагласи дека „S-400“ нема да биде интегриран во системите на НАТО и дека нема да претставува закана за Алијансата.
Испораката на компонентите за „S-400“ ќе траат до април 2020 година, кога се очекува системот да бидат оперативен.