Ali Murat Alhas
04 Август 2019•Ажурирај: 04 Август 2019
АНКАРА (АА) - Со присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска свечено ќе се отвори автопатот кој ги поврзува двата најголеми градови во Турција, Истанбул и Измир, со што ќе се намали патувањето од осум и пол на три и пол часа, јавува Anadolu Agency (AA).
Отворањето на делницата на новиот автопат со должина од 192 километри ќе го изврши турскиот претседател Ердоган. Патот ќе го поврзе новиот пат од најнаселениот турски град Истанбул со Измир, метрополата на егејскиот брег.

Министерот за транспорт и инфраструктура, Џахид Туран, за АА изјави дека со ова отворање, автопатот меѓу Истанбул и Измир, првпат отворен во 2010 година, ќе биде еден од главните транспортни артерии, кои го поврзуваат регионот Мармара со егејскиот, западниот медитерански и западниот дел на Анадолија.
Тој истакна дека мостот „Османгази“, кој е отворен во 2016 година, претставува клучна точка на проектот, бидејќи благодарение на мостот, делницата со вкупна должина од 515 километри се намалува за 78 километри, а со тоа се намалува патувањето за час и половина од досегашното патување.
„Со намалувањето на времето на патување Истанбул - Измир на помалку од половина, патниците ќе заштедат на време и пари“, рече тој.
Туран додаде дека автопатот ќе го олесни внесувањето и изнесувањето комерцијална стока, како и нејзиното разнесување низ Турција.
Цената на проектот од 7 милијарди американски долари е платена од компанијата што ќе управува со автопатот во неодреден временски период, а за време на процесот на изградба не беа користени јавни средства.
Мегапроектот обезбеди работни места за околу 5.000 лица во градежништвото, а ќе има околу 1.000 работни места во континуирано одржување и оперативни услуги.