Duygu Yener
03 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Ерсој, и министерката за култура, млади и спорт на Косово, Влора Думоши, потпишаа Договор за меѓувладина кинематографска соработка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Церемонијата за потпишување на договорот се одржа во турското Министерство за култура и туризам во Анкара.
Турскиот министер Ерсој нагласи дека Турција и Косово имаат многу стари историски и културни врски, и дека двата народа се сметаат еден со друг како браќа, и имаат многу сличности во различни области, од гастрономија сѐ до културни активности.
Тој рече дека во оваа насока Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) поддржува повеќе проекти за зајакнување на врските и за зајакнување на заедничкото историско минато. Ерсој нагласи дека ТИКА досега реализирала 665 проекти.
Истакна дека ТИКА ќе продолжи со реставрација на монументи кои датираат од османлискиот период и организирање на културни активности, како и активности во областа на инфраструктурата за кои Косово има потреба.
Турскиот министер нагласи дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, придава голема важност на односите со Косово и Балканот, и дека денеска го потпишуваат Договорот за меѓувладина кинематографска соработка.
„Секторот на филмови и ТВ-серии во Турција е многу развиен. Особено во секторот на сериски филмови, по Америка, Турција е втора земја во светот според извезувањто на сериски филмови. Со тоа, постои можност во светот да се промовира турскиот народ, неговиот социјален живот, култура, географија и друго. Серискиот филм „Величествениот султан Сулејман“ (Muhteşem Yüzyıl) стана многу познат филм во целиот свет. Благодарение на овој сериски филм, светот доби можност да се запознае со османлиската историја со кинематографски метод“, рече тој.
„Во последен период турските сериски филмови станаа многу популарни во Јужна Америка и Бразил. Родителите на своите новородени деца почнуваат да им даваат имиња според турските ликови. Многу сме среќни. Со овој договор, сметам дека истиот квалитет и ефикасност ќе биде присутен во заедничките продукции на двете земји“, додаде Ерсој.
Министерката за култура, млади и спорт на Косово, Влора Думоши, потпишувањето на овој договор го опиша како многу важен настан за двете земји.
„Ова не е прв договор помеѓу двете земји, но по овој повод упатувам благодарност до народот на Турција, претседателот, Владата, за помошта кои ја овозможивте за Косово во различни фази. Ние сме среќни бидејќи и кај нас во Косово живеат повеќе луѓе од турската заедница, но и во Турција има голем број Албанци. Така што, историјата нѐ поврзува“, рече Думоши.
„Ние како двајца министри ја имаме најдобрата можност да ја покажеме соработката кај нашите луѓе кои живеат во Косово, но и во Турција. Ние со години ја имавме поддршката од ТИКА со проекти, која исто така продолжува. Благодарни сме“, додаде косовската министерка.