Süleyman Coşkun Bozyel
27 Јуни 2021•Ажурирај: 01 Јули 2021
ТЕКИРДАГ
Шест лица починаа поради консумирање фалсификуван пијалак во местото Чорлу во турската област Текирдаг, известува Агенција Анадолија (АА).
И покрај сите обиди на медицинскиот персонал на болницата во кои беа лекувани, животот го загубија 6 лица од труење со токсичен пијалак.
Од друга страна, се дозна дека продолжува лекувањето на 11 лица кои биле затруени од фалсификуваниот алкохол, при што сериозна е здравствената состојба на 5 од затруените.
Во болницата во градот Чорлу, под сомнение дека се затруени со фалсификуван пијалак се пријавиле 17 лица.
Полицијата приведе 5 осомничени, а 2 од нив се притворени.