Yusuf Hatip
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Од купени колачи од една продавницата за слатки во Пакистан, починале најмалку 23 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Од веста која најде место во пакистанските медиуми се дознава дека лицето Омер Хајат кој живеел во областа Карор Лал Есан од државата Пенџап, по повод роденденот на својот внук купил колачи од продавницата за благи. Од консумираните колачи животот го загубиле 10 лица, меѓу кои се наоѓаат седумина браќа на Хајат и две деца.
Во изјавата која ја дала полицијата се вели дека од купените колачи од истата продавница до денеска од труење починале 23 лица, а 52 лица се наоѓаат на болнички третман во неколку болници.
Во близина на продавницата за благо, се наоѓала продавница со натпис "продажба на пестициди". Поради реноирање на продавницата за "пестициди", од безбедносни причини лековите биле префрлени во продавницата за благо. Полицијата се сомнева дека сопственикот на продавницата за слатки, при работата по грешка искористил некој од пактетите со пестициди.
Во меѓувреме приведени се двајата браќа кои ја воделе продавницата за слатки и еден вработен, јавуваат од полицијата.