Турција

Турција: Уапсени терористи на ПКК обучувани за напади во метрополите

Терористите се дел се од тајните градски структури на терористичката организација кои биле задолжени како успиени ќелии да чекаат наредби за нападите

Aziz Aslan  | 19.10.2020 - Обновена : 20.10.2020
Турција: Уапсени терористи на ПКК обучувани за напади во метрополите

ДИЈАРБАКИР (АА) - Припадниците на турските безбедносни сили лоцираа и од слобода лишија четворица терористи на ПКК подготвувани за напади во метрополите во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Со синхронизирани акции на припадниците на полицијата и жандармеријата на Турција во Истанбул и Дијарбакир од слобода се лишени Мазлум Серхат со кодно име И.K., Тајхан Умут Чектар со кодно име М.С., Махир Ахмед, со кодно име Р.С. и Аманч Хебактар со кодно име М.Т.

Тие, според сознанијата на истражителите, во 2013 година пристапиле кон т.н. рурален планински кадар на терористичката организација. Обучени се за изработка на експлозивни направи и напади во метрополите. Дел се од тајните градски структури на терористичката организација и биле задолжени како успиени ќелии да чекаат наредби за нападите.

Еден од терористите бил вработен како техничар за анестезиологија во Државната болница во Дијарбакир.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.