Турција

Турција: „Победата на овие претседателски избори е победа на сите кипарски Турци“

- Омер Челик: „Турција секогаш и под секакви околности ќе биде покрај ТРСК. Сите кипарски Турци се победници на овие претседателски избори. Победија кипарските Турци и политиката за заштита на нашите права и интереси во Источниот Медитеран.“

Muhammed Ali Toruntay  | 19.10.2020 - Обновена : 20.10.2020
Турција: „Победата на овие претседателски избори е победа на сите кипарски Турци“

АНКАРА 

Омер Челик, портпаролот на Партијата за правда и развој (АК партија), изјави: „Турција секогаш и под секакви околности ќе биде покрај Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Сите кипарски Турци се победници на овие претседателски избори. Победија кипарските Турци и политиката за заштита на нашите права и интереси во Источниот Медитеран.“

Портпаролот Челик на својот твитер-профил објави текст во врска со изборот на Ерсин Татар за 5-ти претседател на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

За кипарските Турци, кои со голема самодоверба ја водат својата борба за право и правдина, Челик рече дека покажале голема демократска зрелост на претседателските избори што се одржаа во Турската Република Северен Кипар, давајќи го следниот коментар: „Целиот свет ја виде моќта на демократијата во ТРСК. Кипарските Турци испратија јасна порака до целиот свет избирајќи го за претседател на ТРСК г. Ерсин Татар, личност која се истакнува со својот труд, визија и лидерство за суверените права на ТРСК, кипарската кауза и заштитата на правата и интересите во Источен Медитеран.

Челик посочи дека решителниот став на кипарските Турци дал голема мотивација и забрзување на соработката меѓу Турција и ТРСК, која зголемувајќи се, ќе продолжи и во периодот што претстои.

Портпаролот Челик во објавата на социјалната мрежа го посочи следното:

„Турција секогаш и под секакви околности ќе биде покрај Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Сите кипарски Турци се победници на овие претседателски избори. Победија кипарските Турци и политиката за заштита на нашите права и интереси во Источен Медитеран. ТРСК покажа дека е клучен актер за силна демократија и регионален мир.

Турција на најмоќен начин ќе ја продолжи борбата за заштитата на правото на суверенитет и развојот на ТРСК, како и заштитата на нејзините интереси во Источен Медитеран. Поддршката што нашиот претседател ја дава за каузата на кипарските Турци е решителна и моќна поддршка. Уште еднаш, му честитаме на г. Ерсин Татар, кој е избран на функцијата претседател на ТРСК, посакувајќи сето тоа да е за доброто на нашата кауза за ТРСК и Кипар.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.