Турција

Турскиот министер Акар го прими либискиот началник на Генералштабот, Ел Хадад

„Ќе продолжиме да даваме поддршка на нашите либиски браќа за поудобен, побезбеден и посреќен живот“, нагласи Хулуси Акар

Sarp Özer  | 19.10.2020 - Обновена : 20.10.2020
Турскиот министер Акар го прими либискиот началник на Генералштабот, Ел Хадад Фото: Arif Akdoğan/AA

АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, го прими либискиот началник на Генералштабот, генерал Мухамед Али Ахмед ел Хадад, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека на состанокот во Министерството присуствувал и началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, генерал Јашар Ѓулер.

На состанокот на кој се разменети мислења за најновата состојба во Либија, министерот Акар му честиташе на Ел Хадад за назначувањето на функцијата началник на Генералштабот.

За време на состанокот, исто така, потенцирана е 500-годишната историја на пријателство меѓу Турција и Либија и братските врски меѓу двете земји.

„Ќе продолжиме да даваме поддршка на нашите либиски браќа за поудобен, побезбеден и посреќен живот“, нагласи Хулуси Акар.

Наведувајќи дека Турција, со сфаќањето „Либија е на Либијците“ ќе продолжи со своите напори за стабилност на регионот, Акар рече дека ја поддржуваат стабилна, независна и суверена Либија.

Акар, исто така, нагласи дека Турција во контекст на договорот со легитимната Влада на Либија, признаена од ОН, ќе продолжи со обуката, поддршката и консултантските активности во воената и безбедносната област во Либија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.