Турција

Откриените резерви во Црното Море покриваат 22 отсто од побарувачката на гас во Турција за наредните 40 години

Како резултат на откритијата во пониските слоеви на локацијата „Дунав-1“ резервите се зголемени за 26 отсто

Ebru Şengül Cevrioğlu  | 19.10.2020 - Обновена : 20.10.2020
Откриените резерви во Црното Море покриваат 22 отсто од побарувачката на гас во Турција за наредните 40 години

ИЗМИР (AA) – ЕБРУ ШЕНЃУЛ ЏЕВРИОГЛУ –

Проф. д-р Мехмет Ефе Биреселиоглу, раководител на Одделот за одржлива енергија на Економскиот универзитет во Измир, истакна дека со новооткриените резерви на природен гас во Црното Море, вкупната количина на резерви е зголемена на 405 милијарди кубни метри, и дека според годишната потрошувачка во 2019 година, 22 отсто од побарувачката на природен гас во Турција ќе може да се обезбедат резерви за период од околу 40 години.

„Ако во согласност со податоците дадени од Министерството за енергетика и природни ресурси, годишно се произведуваат 10 милијарди кубни метри природен гас на гасното поле „Сакарија“, тогаш според годишната потрошувачка во 2019 година, 22 проценти од побарувачката на природен гас во Турција за наредните речиси 40 години ќе може да се обезбеди од резервите.“

Биреселиоглу за Агенција Анадолија во врска со новото откритие на гас во гасното поле „Сакарија“ потсети дека бродот за сондажа „Фатих“ активно работи во Црното Море од јули.

Професорот Биреселиоглу истакна дека се откриени резерви на природен гас од 320 милијарди кубни метри, што може да се класифицира како големо наоѓалиште на длабочина од 2.100 метри, со работата спроведена во истражувачката локација „Дунав-1“, на 170 километри од Зонгулдак.

„Истражувањата кои се забрзаа покажаа дека ако се спуштиме на илјада метри подлабоко, има уште два слоја. Во истражувачката локација „Туна-1“ со спуштањето на длабочина од 4.500 метри во операцијата за пребарување откриени се уште 85 милијарди кубни метри дополнителни резерви. Со ова вкупната количина на резерви се зголеми на 405 милијарди кубни метри. Оваа количина е најголемиот извор на јаглеводороди откриени во историјата на Турција“, нагласи професорот Биреселиоглу.

Тој, исто така, истакна дека откриените резерви ќе овозможат Турција да има поактивна улога во меѓународната арена на енергетската дипломатија.

„Ако во согласност со податоците дадени од Министерството за енергетика и природни ресурси, годишно се произведуваат 10 милијарди кубни метри природен гас на гасното поле Сакарија, тогаш според годишната потрошувачка во 2019 година, 22 проценти од побарувачката на природен гас во наредните скоро 40 години во Турција ќе може да се обезбеди од резервите“, додаде проф. д-р Мехмет Ефе Биреселиоглу.

- „Резервите се во област која може лесно да се комерцијализира“ -

Биреселиоглу изјави дека гасното поле „Сакарија“ се наоѓа на важна стратешка точка поради неговата близина до полињата за истражување на природен гас на Романија и на Бугарија, каде што инвестираат големи енергетски компании.

Тој меѓу другото посочи дека локацијата на полето за гас „Сакарија“ се наоѓа во област каде што може лесно да се комерцијализира доколку се започне со производство.

Професорот посочи дека истражувањата во Црното Море и Источниот Медитеран можат да продолжат со искуството стекнато на локацијата „Дунав-1“ и со искуството од претходните сондажи во Црното Море.

„Со гасното поле Сакарија и откривањето на природен гас, на долг рок ќе се промени и енергетската политика на Турција, а тоа најмногу ќе влијае на Русија. Откритието на природен гас во гасното поле Сакарија се совпадна со периодот кога ќе се ажурира договорот со Русија, која е една од најзначајните снабдувачи на Турција. Тоа се елементи што ја зголемуваат важноста на резервите од природен гас во Црното Море. Оваа резерва и другите резерви кои ќе бидат откриени може да ја зајакнат позицијата на Турција на меѓународната сцена. Во исто време, ако се откријат нови резерви во Црното Море и Источниот Медитеран, Турција ќе биде важен фактор во долгорочното производство на природен гас. Во овој контекст, истражувањата, производството на природен гас и меѓународната соработка ќе се најдат во агендата за Црното Море и Источниот Медитеран. Тука еден друг значаен елемент е безбедноста на снабдувањето во рамките на концептот на енергетска безбедност. Благодарение на откриените резерви од природен гас, Турција нема да зависи од другите земји, политичките случувања и од условите на пазарот. А тоа ќе значи и намалување на неизвесноста и ризиците по ова прашање.“

- „Реториката дека во Турција нема нафта е закопана во историјата“ -

Огузхан Акјенер, претседателот на Центарот за истражување на енергетски стратегии и политики на Турција (TESPAM), рече дека како резултат на откритијата во пониските слоеви на локацијата „Дунав-1“ резервите се зголемени за 26 отсто.

Истакнувајќи дека се откриени најголемите резерви на јаглеводороди во историјата на Турција, Акјенер потсети дека тоа е направено во една тешка недопрена област како што е Црното Море.

„Со уловената голема риба, реториката дека нема нафта во Турција е закопана во историјата. А во овој контекст појавени се нови надежи. Целиот овој процес е управуван на професионален начин со локални можности“, нагласи Огузхан Акјенер.

Акјенер, исто така, истакна дека ако првото производство започне во 2023 година, скоро 30 проценти од производството на Турција во 2027 година ќе бидат од локални извори.

Наведе дека значењето на откриените резерви може да се разбере со правење на некои споредби.

„На пример, ако се фокусираме на Источниот Медитеран каде што има големи кавги, ќе видиме дека Египет произведува со сопствен потенцијал и извезува LNG (течен природен гас). Израел за да може да произведува со целосен капацитет потребна му е рута или голем пазар како што е Турција. Резерви се откриени на локациите Афродит, Калипсо и Глаукус на јужниот дел на островот Кипар, за што се водат и кавги. Во овие резерви проценето е дека има околу 319 милијарди кубни метри гас. Според тоа, Турција откри поголем извор отколку што се откриени во Источниот Медитеран и во Црното Море, кои се причина за енергетски кавги. Од друга страна, откриените дополнителни 85 милијарди кубни метри резерви се скоро исти со количината на локацијата Глаукус, каде што има резерви на гас од 89 милијарди кубни метри. Од друга страна, со овие откритија Турција ќе биде посилна против ЕУ и САД, кои ја поддржуваат идејата за Јужниот гасен коридор, и најголемиот извозник на гас, Русија. Националните технологии развиени во рамките на овој сектор ќе го отворат патот за уште поголеми откритија во нашите мориња“, рече Акјенер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.