Турција

Турција: Продолжува испораката на „S-400"

Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека продолжува испораката на опремата за системот за воздушна и ракетна регионална одбрана со долг дострел „S-400“

İsa Toprak  | 17.07.2019 - Обновена : 17.07.2019
Турција: Продолжува испораката на „S-400"

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во рамките на испораката на опремата за рускиот систем за одбрана „S-400“, тринаесеттиот авион слета во воздухопловната база „Муртед“, во близина на Анкара, пренесува Anadolu Agency (AA).

Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека продолжува испораката на опремата за системот за воздушна и ракетна регионална одбрана со долг дострел „S-400“.

Договорот кој го постигнаа Турција и Русија за купопродажба на антиракетните системи S-400 предизвика остри критики од САД, што доведе до тензии во американско-турските односи. Официјален Вашингтон тврди дека набавката на системот S-400 ќе ја загрози турската позиција во проектот на воените авиони Ф-35.

Турција тврди дека системите S-400 нема да ги инкорпорира во системите на НАТО и дека ниту на кој било начин нема да ги загрози сојузниците. Официјална Анкара повика на формирање на заедничка стручна комисија со задача да се утврди дали прашањето за S-400 предизвикува технички проблеми.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın