Talha Yavuz
08 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
ЛАВОВ (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се сретна со претставници на турската и украинската бизнис заедница во градот Лавов, во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Чавушоглу во градот Лавов оствари средба со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, и со претставници на на турската и украинската бизнис заедница.
Чавушоглу истакна дека веруваат дека вкупниот обем на трговска размена меѓу двете земји ќе надмине 6 милијарди долари оваа година.
Тој истакна дека како дипломатска мрежа со 253 претставници, Турција е на 5-то место во светот.
Наведувајќи дека покрај дипломатската мрежа и турските бизнисмени многу добро ја претставуваат Турција во странство, министерот Чавушоглу рече дека има турски компании кои инвестираат во Украина и преземаат важни проекти, и дека тоа е показател за потенцијалот на Украина и одраз на доверба.
Турскиот министер рече дека со неговиот украински колега разговарале и за проблемите на бизнисмените. „Нашата работа како политичари е да ги решаваме проблемите и да го отвориме патот за нашите деловни луѓе“.
Претставниците на турската и украинската бизнис заедница, исто така, дадоа проценка на состојбата и ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат.
- Чавушоглу го посети споменикот „Рајска дивизија“ -
Во рамките на посетата, турскиот министер Мевлут Чавушоглу и украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, го посетија споменикот „Рајска дивизија“, посветен на оние што ги загубија животите во случувањата во 2014 година.
- Во Лавов ќе биде отворен Генерален конзулат -
Турција ќе отвори Генерален конзулат во Лавов, Украина. Чавушоглу на панелот на којшто присуствуваше на Националниот универзитет „Иван Франко“ соопшти дека донесена е одлука Турција да отвори Генерален конзулат во Лавов.