Burak Milli
08 Октомври 2021•Ажурирај: 10 Октомври 2021
ХАТАЈ (АА)
- Бурак МИЛЛИ
За време на ископувањата во античкиот град Епифанеија, основан во 2 век пр.н.е. во областа Ерзин во Хатај, на темелите и архитектонските блокови на стариот храм пронајдена е црква со три коридори, за која се сметаше дека била изградена во почетокот на 5 век.
Ископувањето во античкиот град Епифанеија, позната и како „Урнатините Исос“, започнаа во 2006 година. Од 2016 година ископувањата продолжуваат под раководство на Дирекцијата на музејот во Хатај.
За време на ископувањата под надзор на проф. д-р Хатиџе Памир, предавач на Одделот за археологија на Универзитетот „Мустафа Кемал“, беше утврдено дека во регионот има римска бања, улица и специјална структура направена за слушање музика.
Како резултат на студиите, пронајдена е црква, долга 35 метри и широка 27 метри, структура која датира од почетокот на 5 век од нашата ера, а која првично била дефинирана како храм.

Тимот за ископување има за цел да стигне до повеќе архитектонски објекти и детални информации за храмот, кој има ист темел како и откриената црква.
Проф. д-р Хатиџе Памир во изјавата за Агенција Анадолија (АА) рече дека во областа се вршат научни и систематски ископувања од 2001 година.
Наведувајќи дека мозаиците се пронајдени за време на илегалното ископување и дека е откриена улица со колони, Памир потсети дека спасувачките ископувања ги изврши Дирекцијата на музејот во Хатај.
Наведувајќи дека во овој процес започнале да ги откриваат вредностите на античкиот град, Памир нагласи:
„Првото место на кое работевме беше улицата со колони. Имаше некои податоци што излегоа претходно. Направивме проценка на тие податоци. Сакавме да откриеме дел од улицата со колони. Како резултат на студијата што ја спроведовме, можеме да кажеме дека улицата со колони е всушност една од најголемите познати улици во регионот. Видовме дека станува збор за величествена улица покриена со базалт, со патеки за пешачење, тротоари, мозаици од една страна и продавници околу неа. Ја продолжуваме нашата работа во оваа улица.“

- „Видовме дека сме соочени со голема црква со три коридори“
Памир истакна дека како што напредувало ископувањето, увиделе дека е изградена црква врз темелите и архитектонските елементи на храм.
Памир за откриената црква ги даде следните информации:
„Видовме дека се соочивме со голема црква со три коридори. Се разбира, користени се елементите на храмот при изградбата на оваа црква. Архитектурата е поставена на темелите на храмот. Можеме да кажеме дека е најголемата црква во регионот во однос на нејзините димензии. Видовме многу тули, врежани бисери на тули, украси од лисја и релјефи на крстови. Структурата беше уништена поради земјоделски активности. Се обидуваме оваа структура да ја извадиме во најдобра форма. Можеме да кажеме дека била претворена во црква во почетокот на 5 век од нашата ера. Во средниот век областа повторно била лишена од карактерот на црквата, внатре се извршени голем број погреби. Пронајдени се околу 56 гроба.“