Uğur İslamoğlu
09 Октомври 2021•Ажурирај: 10 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ
Турската полиција во Истанбул лиши од слобода пет лица, меѓу кои и водач на организирана криминална група, кој порано бил депортиран од Германија во Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полициската управа во Истанбул соопшти дека со истрагата е откриено дека осомничениот С.А. се наоѓа во еден од хотелите во Истанбул и дека во акцијата тој е лишен од слобода со уште четири лица, кои биле со него на состанок во хотелското лоби.
Во соопштението се наведува дека во истрагата водена од 7 октомври врз база на податоците од објавите на социјалните мрежи на осомничениот, утврдено е дека станува збор за лицето С.А. со потекло од Авганистан, кој се заканувал на германската полиција.
„Утврдено е дека С.А. бил вмешан во повеќе од 30 криминални дела во Германија, дека ја водел организираната криминална група „Лионс картел“ и како со изградбата на криминалната империја стекнал големи финансиски средства во Германија“, се наведува во соопштението.
Турските надлежни органи открија дека по депортирањето од Германија, осомничениот С.А. почнал од Турција да објавува слики на социјалните мрежи.
Приведените лица се предадени на правосудните органи на понатамошно процесуирање.