Meryem Göktaş
29 Октомври 2017•Ажурирај: 30 Октомври 2017
ЕРЗУРУМ (АА) - Турската полиција денес уапси најмалку 22 осомничени терористи за поврзаност со ДЕАШ во турската област Ерзурум, соопшти официјален безбедносен претставник.
Осомничените се приведени како дел од истрагата против терористичката група раководена од страна на Главното јавно обвинителство на Ерзурум, соопшти за Аnadolu Agency (АА) официјален претставник, кој побара да остане анонимен.
Полициските тимови од одделот за антитероризам ги спроведоа операциите против лицата за кои постои осомнение за поврзаност со ДЕАШ на подрачјата на Јакутије, Паландокен и Азизије, истакна официјалното лице.
Тој додаде дека во текот на операцијата се запленети неколку парчиња оружје вклучувајќи два пиштоли без дозвола, две ловечки пушки без дозвола, дигитален материјал, како и документи поврзани со организацијата.
Над 319 лица го загубија својот живот во нападите на ДЕАШ во Турција, каде што терористичката организација за цел во своите напади имаше цивили.