Halil Demir
11 Февруари 2022•Ажурирај: 11 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) ‒ Турските безбедносни сили приведоа 22 осомничени лица на терористичката организација ДЕАШ во антитерористичка операција раководена од Истанбул, изјавија денеска безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите во Истанбул издадоа налози за апсење на 23 осомничени за тероризам како дел од истрагата против терористичката организација ДЕАШ.
Осомничените се товарат за давање финансиска помош на терористичката организација преку собирање пари како донации.
Во текот на истовремените операции спроведени на 26 адреси во Истанбул и Бурса, полицијата, исто така заплени дигитален материјал и организациски документи.
„Еден осомничен е сѐ уште во бегство и се спроведуваат напори за негово фаќање“, рекоа изворите.
Во 2013 година, Турција стана една од првите земји која ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш, во земјата се извршени повеќе напади од страна на терористичката организација ДЕАШ, и тоа 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки и 4 оружени напади во кои загинаа 315 луѓе, а повредени беа стотици.
Како одговор на тоа, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи понатамошни терористички напади.