Tanju Özkaya,Bilal Acar
19 Јануари 2019•Ажурирај: 19 Јануари 2019
АНКАРА (AA) - Мурат Арслан, поранешен претседател на Сојузот на судии и јавни обвинители на Турција (YARSAV), институција која сега е затворена, доби затворска казна од 10 години поради тоа што бил член на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Рочиштето за овој предмет во кој беше обвинет Арслан, се одржа во 25. Суд за тешки кривични дела во Анкара.
Судот на ова рочиште изрече затворска казна од 10 години за Арслан поради кривичното дело „членување во вооружена терористичка група“.
Тој досега беше во притвор, а Судот донесе одлука за продолжување на притворот.