Gökhan Ergöçün
11 Февруари 2022•Ажурирај: 12 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) ‒ Индустриското производство во Турција порасна за 14,4 отсто во декември 2021 година на годишно ниво, објави денеска Институтот за статистика на Турција (TurkStat), јавува Агенција Анадолија (АА).
Секторот за рударство и вадење камен бележи негативни резултати, а индексите на преработувачката индустрија и снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се позитивни.
Индексот за рударство и вадење камен во декември е намален за 1,4 отсто на годишно ниво.
Индексите на преработувачката индустрија и снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораснаа во истиот период за 16,2 отсто, односно 8 отсто.
Група експерти оваа недела предвидоа годишен пораст од 10,8 отсто на податоците за декемвриското индустриско производство во Турција.