Yıldız Nevin Gündoğmuş
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 86.396, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 33.687 тестирања за Ковид-19, од кои 1.848 лица сe позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 48 лица како последица на оваа пандемија, а излекувни се уште 3.412 лицa.
Во Турција се извршени вкупно 1.298.806 тестирања, откриени се вкупно 135.569 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 3.689 лица.
Се нагласува дека 1.219 лица се наоѓаат на интензивна нега, додека вкупно излекувани се 86.396 лицe.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Бројот на излекувани лица надмина 85.000. Сликите ни покажуваат дека во борбата против овој вирус имаме податоци во наша полза. Но ова не се конечни резултати, туку се сериозна можност. Да ја искористиме оваа можност“, напиша Коџа.