Serdar Açıl,Cankut Taşdan
19 Март 2021•Ажурирај: 19 Март 2021
АНКАРА (АА) - Републичкото обвинителство во Анкара издаде налог за приведување на најмалку 11 лица во рамките на истрагата со која се опфатени членовите на терористичката организација ФЕТО во турските Воздухопловни сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителството соопшти дека се работи за лица за кои е утврдено дека биле во контакт со т.н. „цивилни имами“ на ФЕТО и дека постојат изјави со кои е потврдено дека се членови на терористичката организација.
Обвинителството издаде налог за приведување на најмалку 11 лица, меѓу кои тројца се офицери во воздухопловните сили во активна служба. Се дознава дека до сега се приведени осум лица, и дека по преостанатите три лица уште се трага.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.