Faruk Zorlu
08 Февруари 2019•Ажурирај: 09 Февруари 2019
СИВАС (АА) - Турција ќе ги спречи сите обиди против нејзините интереси и цели, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние ќе го спречиме секој заговор против интересите, достигнувањата и целите на Турција“, рече Ердоган на митингот во рамките на кампањата за локалните избори во централната турска област Сивас.
„Нашата татковина, нашето знаме, нашата држава, нашата нација и нашата независност се наша чест“, истакна Ердоган.
Во турската област Сивас, турскиот претседател го одржа својот прв митинг за локалните избори, кои ќе се одржат на 31 март.
Турција се подготвува за локалните избори, што се одржуваат на секои пет години, на кои оваа година ќе учествуваат 13 политички партии.