Турција

Билансот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 14

„Оние кои ги загубија своите најблиски треба да бидат сигурни дека одговорните ќе бидат казнети“, рече турскиот министер Сојлу

Faruk Zorlu  | 08.02.2019 - Обновена : 09.02.2019
Билансот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 14

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на жртви од уривањето на зградата во Истанбул што се случи во средата се зголеми на 14, откако денес беа пронајдени уште три тела, јавува Anadolu Agnecy (AA).

Министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, за новинарите изјави дека од под утрнатините биле извадени вкупно 14 тела.

„Оние кои ги загубија своите најблиски треба да бидат сигурни дека одговорните ќе бидат казнети“, рече Сојлу.

Во средата, седумкатната станбена зграда, лоцирана во истанбулската населба Картал, се урна додека во неа се наоѓале 30 лица. Причините за уривањето сѐ уште не се познати.

Рано утринава од под урнатините на зградата беше спасено 16-годишно момче, а вчера спасувачките екипи од под урнатините спасија петгодишно девојче, идентификувано како Азра Хавава Текгоз.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın