Davut Demircan
07 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
ИЗМИР
Турската полиција денес приведе 12 припадници на ПКК и ДХКП-Џ за време на антитерористичката операција во западната област Измир, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Осомничените се обвинети дека ширеле терористичка пропаганда на социјалните медиуми“, вели извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Полицијата за време на претрагата во местата на живеење на осомничените заплени дигитален материјал и документи поврзани со терористичката организација.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на списокот терористички организации на Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.