Турција

Турција: Откриени 5 тони и 312 килограми марихуана на ПКК

- Во операцијата насочена кон терористичката организација ПКК, во местото Лиџе запленети се 5 тони и 312 килограми марихуана, заедно со 1 милион 337 илјади и 533 корени канабис

Hasan Namlı  | 11.10.2019 - Обновена : 14.10.2019
Турција: Откриени 5 тони и 312 килограми марихуана на ПКК

ДИЈАРБАКИР

Во операцијата што турските безбедносни сили ја спроведоа во местото Лиџе во областа Дијарбакир запленети се 5 тони и 312 килограми марихуана, заедно со 1 милион 337 илјади и 533 корени канабис, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението што го даде Гувернерството се наведува дека Командата на обласната жандармерија на 9 октомври започнала операција во планинскиот и шумски предел јужно од местото Лиџе, со цел елиминирање на терористите на ПКК, уништување на нивните засолништа и скривалишта, приложување конкретни докази за врската меѓу производителите на дрога и оние што тргуваат со неа и откривање на скриената дрога.

Во операцијата што е спроведена во рамките на активностите за борба против наркотероризмот, запленети се 5 тони и 312 килограми марихуана, заедно со 1 милион 337 илјади и 533 корени канабис.

Во операцијата спроведена во согласност со решението донесено од надлежните локални власти, приведени се 10 осомничени, во чии домови и возила е откриена дрога.

По спроведеното правно пребарување во пошумените подрачја и карпестите предели, закопани во земја во челични канистри се откриени пешадиска пушка „калашников“, револвер, 2 шаржера за муниција, муниција и терористичка облека.

Во соопштението се истакнува дека со зголемена определба и решителност продолжуваат операциите во рамките на борбата против тероризмот, со цел да се осигури безбедноста и мирот на населението што живее во регионот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.