Zehra Aydın
13 Мај 2016•Ажурирај: 13 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Шест војници и два пилоти на вооружени хеликоптери загинаа утрово во југоисточната покраина Хакари, соопшти турската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб соопшти дека шест војници загинаа а останати осум се повредени во судирите со терористите на ПКК кои се случија утрово во 4.50 часот во воената зона Цигли во областа Чукурча во Хакари.
Еден час подоцна, во одговор на судирот беше испратен вооружен хеликоптер, но хеликоптерот се сруши при што загинаа два пилоти, се додадава во извештајот.
Според дадениот извештај, несреќата се случила како последица на „техничка грешка”.
Турската војска во регионот распореди авиони Ф-16, хеликоптери, безпилотни летала и дополнителни трупи со цел „неутрализирање на терористите”.
„Досега шест членови на сепаратистичката терористичка организација (ПКК) беа неутрализирани” , се вели во изевештајот, додавајќи дека операцијата ќе продолжи.
Покраината Хакари се наоѓа во југоисточниот дел на Турција, со областа Чукурча која граничи со Ирак и им служи на терористите како рута за да влезат во Турција.