Muhammed Enes Can,Murat Kaya
16 Февруари 2018•Ажурирај: 17 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Казнениот суд во Истанбул го потврди обвинението против новинарот на германскиот дневен весник "Die Welt" (Ди Велт) Дениз Јуџел, и донесе одлука да се брани со слобода, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителството во Истанбул ја заврши истрагата во рамките на кои Јуџел е обвинет за вршење на терористичка пропаганда, а судот го прифати обвинението.
Обвинителстовто за Јуџел побара затворска казна меѓу четири и 18 години, за кривични дела вршење на терористичка пропаганда и поттикнување на народот на омраза и непријателство.
Дениз Јуџел, за кој судот донесе одлука да се брани со слобода, на 27 февруари 2017 година е уапсен порад вршење на терористичка пропаганда, а оттогаш престојуваше во притвор во Силиври.