Adel Omeragic
02 Април 2018•Ажурирај: 03 Април 2018
ПОДГОРИЦА (АА) - Експлозивна направа беше активирана минатата ноќ во Бијело Поље пред куќата на новинарот на „Вијести“, Сеад Садиковиќ. Во експлозијата немаше жртви, а бомбата беше фрлена на местото каде што новинарот го паркирал својот автомобил, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека експлозивната направа била фрлена токму пред куќата на Садиковиќ. На местото на експлозијата не бил паркиран автомобилот на Садиковиќ, туку автомобил со белградски регистарски таблички, сопственост на агенција за изнајмување автомобили.
Истрагата е во тек. Здружението на професионални новинари на Црна Гора (ДПНЦГ) изрази загриженост во врска со експлозијата во близина на куќата на нивниот колега и член на Одборот, Сеад Садиковиќ.
Здружението на професионални новинари повторно побара да бидат пронајдени напаѓачите на новинарите и кривично да бидат гонети, како и да се расветлат експлозиите направени на нивна штета.