Sinan Uslu
16 Февруари 2018•Ажурирај: 17 Февруари 2018
МИНХЕН (АА) - Претходните проблеми во односите на Турција и Германија изгледаат надминати, а односите ќе бидат се подобри, изјави денес во Минхен премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во иднина двете земји ќе направат чекори во насока развој на меѓусебни односи. Нашите очекувања се да не дојде до активности кои можат да го нарушат единството во Турција или активностите кои овозможуваат дејствување на терористичките организации. Тоа се наши основни услови“, изјави Јилдирим во Минхен, каде присуствува на меѓународната конференција за безбедност.