Турција

Турција: Неутрализирани четворица терористи во Агри

- Турските сили во рамките на операцијата извршена во руралната зона на подрачјето на Тутак, кое се наоѓа во турската област Агри, неутрализираа четворица терористи заедно со нивните оружја

Barış Gündoğan  | 06.12.2019 - Обновена : 07.12.2019
Турција: Неутрализирани четворица терористи во Агри

АНКАРА

Турските сили во рамките на операцијата извршена во руралната зона на подрачјето на Тутак, кое се наоѓа во турската област Агри, неутрализираа четворица терористи заедно со нивните оружја, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција, во рамки на операциите за внатрешна безбедност, извршена е операција во руралната зона на подрачјето на Тутак од страна на тимовите на градската Жандармериска дирекција и градската Полициска дирекција.

Во текот на операцијата настана судир меѓу безбедносните сили на Турција и група терористи, во чии рамки се неутрализирани четворица терористи.

Безбедносните сили запленија еден калашников, еден пиштол, две рачни бомби, 2 шаржера, 4 чанти, бројни документи, оружја и др.

Операциите во регионот се во тек.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.